Во оваа струка важи мотото: ,,Лесно е да се отвори продавница, но тешко е да се задржи отворена’’ (Конфучие)

Маркетингот е се она што правите како да го унапредите својот бизнис. Од моментот кога ќе добиете бизнис идеа – ,,Што да работите?’’, па се до моментот кога клиентите купувачи ќе го купат Вашиот производ и ќе почнат редовно да склопуваат договори со вас. Се разбира, со главна цел ПРОФИТ!

Еве што нуди и опфаќа профилот Техничар за аггроменаџмент:

– папознавање на основине на менаџментот и маркетингот,
– стекнување на вештини за како да се дојде до вистинска бизнис идеа,
– изработка на бизнис планови за сопствен бизнис и бизнис на други клиенти,
– менаџерски вештини на управување и раководење,
– успешно управување со маркетингот (истражување на пазар, избор на целни групи на купувачи, продажба на сопствен производ и профит),
– реални можности за самовработување,
– примена принципи на добра земјоделска пракса, (хасап стандарди-НАССР)

Можност за вработување:

Ученикот ќе може да работи како:

  • Техничар во фарма;
  • Техничар во педолошка или агрохемиска лабараторија;
  • Оператор со земјоделска механизација;
  • Маркетинг агент за земјоделски производи и услуги
  • Да отпочни сопствен бизнис
  • Да го продолжи своето образование на соодветна високообразовна институција