Во оваа струка учениците се запознаваат со основите на ветеринарната медицина, како и производството на здрава храна. Во СОЗУ ,,Кузман Шапкарев” – Битола за наставата во ветеринарната струка се грижи високостручен образовен кадар.

Наставата е условно поделена во два дела теориски и практичен. За изведување на практичната настава училиштето поседува ветеринарна аптека, краварска и свињарска фарма, а исто така имаме соработка со други ветеринани амбуланти во градот каде учениците следат клинички случаеви на различни животни, помагаат во давањето на терапијата, вакцинацијата и другите мерки за заштита на здравјето на животните.

Еве што нуди и опфаќа профилот Ветеринарен техничар:

– запознавање на основите на ветеринарната медицина,
– придонес кон производството на здрава храна,
– грижа за здрави животни,
– оспособување за лекување на домашни животни,
– вршење на услуги од ветеринарната дејност итн.

Што откако ќе завршам?

По завршувањето на средното образование, нашите ученици се оспособени самостојно да работат во ветеринарни амбуланти, лаборатории, кланици, во Агенцијата за храна и ветеринарство, но исто така можат да го продолжат своето образование на Ветеринарен факултет или некој сроден факултет.