СОЗУ”Кузман Шапкарев” е воспитно-образовна институција за оспособување на стручни кадри од областа на земјоделијето и ветерината во Битола и југозападниот дел од Р.Македонија.

Училиштето датира од 1908 година кога е основано од Турската империја како сточарска станица.
За време на Балканските војни и Првата светска војна прекинува со работа, за потоа прво да работи како нижо, а потоа како средно земјоделско училиште. Мал прекин во работата има и за време на Втората светска војна.

Од 1945 година работи континуирано. Во училиштето работи соодветен стручен кадар. Училиштето до сега го завршиле над 3500 ученици од земјоделската и ветеринарната струка.

Во СОЗУ „Кузман Шапкарев” постои еден завршен степен (IV) на образование со повеќе профили за земјоделско-ветеринарна струка. За сите степени на образование се организира и реализира редовна настава.

Сите овие струки нудат инзворедна можност за водење на успешем приватен бизнис, како и за упис на Ветеринарниот, Земјоделски, Биотехнолошкиот, Медицинскиот факултет, како и факултетите кои ги опфаќаат природните науки.

Наставата е поделена на два дела: теориска и практична. Теориската настава се одвива во училници и специјализирани кабинети. И за изведување на практичната настава постојат инзворедни услови.

– Теориската настава се одвива во:
– 8 училници до 36 ученици
– 6 училници од 26 до 30 ученици

– Центарот има специјализирани кабинети по:
поледелство, овоштарство, фитопатологија,  сточарство, анатомија и мотори и трактори.

– За изведување на  практичната настава центарот поседува:
земјоделски површини, фарма со крави, свињарска фарма, цветна градина, разна земјоделска механизација.

Од спортски терени, училиштето располага целосно опремена нова спортска сала, со тревна­то фудбалско игралиште, асфалтирано кошаркарско, ракомет­но игралиште и одбојкарско игралиште опремено со стативи, кошеви, држачи за мрежа и друга опрема.

Од 1945 година, од кога училиштето работи континуирано, во СОЗУ “Kузман Шапкарев” работи соодветен стручен кадар. За успешно изведување на наставата се грижат 40-тина соодветни, високостручни наставни кадри од областа на ветеринарството, сточарството, поледелството, лозаро-овоштарството, како  и од предметите со општо-образовен какактер.

СОЗУ “Кузман Шапкарев” – Битола е лоциран во североисточниот дел од периферијата од Градско поле, на ул. Димитар Робев бр.3 во непосредна близина на Св. Неделската Црква и комплексот на индустриските објекти на АД Лозар-Пелистерка, Цермат, Битолската Млекара и други.