Примената на современи агротехнички мерки и современи земјоделски машини е важен услов за добивање на високоприносни, квалитетни и конкурентни земјоделски производи.

Земјоделецот ќе треба да се менува во новите , пазарни услови. Тој ќе треба да се сконцентрира на производство на здрава и еколошки прифатлива храна.Само така земјоделецот ќе може да се избори за местото кое заслужено му припаѓа во општеството.

Еве што нуди и опфаќа профилот Техничар за фармерско производство:

– оспособување за производство на здрава храна,
– ракување со земјоделска механизација,
– заштита на растенијата, одгледување на овошни насади,
– сточарење,
– организационо оспособување за правилно земјоделско производство,
– реални можности за успешна кариера.

Можност за вработување:

Ученикот ќе може да работи како:

  • Техничар во фарма;
  • Техничар во педолошка или агрохемиска лабараторија;
  • Оператор со земјоделска механизација;
  • Маркетинг агент за земјоделски производи и услуги
  • Да отпочни сопствен бизнис
  • Да го продолжи своето образование на соодветна високообразовна институција